April 19, 2024, 12:18 pm

ПРОФЕСОРСКА ТРОЈКА: Река, Давкова и Пендаровски се обврзаа на фер и демократски избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатите за претседател, Блерим Река, Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски, денеска во просториите на Државната изборна комисија (ДИК), го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски изјави дека текстот на Кодексот содржи одредби коишто секој кандидат треба да ги почитува.

-Ова е добар и свечен чин за да се обврземе дека сите ние ќе го изразиме демократскиот капацитет- рече Деркоски.

Кандидатот на Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река порача дека е важно резултатот да биде регуларен, безразлика на тоа кој ќе победи.

-Влегуваме во ново искушение. Не е важно кој ќе победи, важно е резултатот да биде регуларен, со цел да влеземе во ЕУ. Ова нема да биде трка за живот и смрт, туку трка за ново поглавје на држвата. Наше е да ги исполниме обврските од кодексот- рече Река.
Професорката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, по потпишувањето на Кодексот изрази очекување дека борбата ќе се води со аргументи.

-За мене етичките правила се подеднакво важни, а можеби и поважни од правото и правдата. Очекувам тешка борба, иако сум жена. Борба со аргументи, а не византиски. Се надевам дека последиот збор ќе го имаат граѓаните-рече Гордана Силјановска-Давкова
Кандидатот од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски подвлече дека е добро тоа што потпишувањето на кодексот станало пракса. Тој вети дека потпишаното ќе биде спроведено на терен.

-Немам дилеми дека тројцата ќе направиме сѐ за да имаме демократска борба. Сакам да посакам успешни, фер, демократски избори. Среќно на противкандидатите- изјави Стево Пендаровски.
Кампањата за претседателските избори почнува од утре, 1 април и завршува на 19 април на полноќ. Првиот круг на гласање за претседателските избори ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This