ПРОФЕСОР Д-Р ЖИВКО АТАНАСОВСКИ, КРЕАТОР НА ДАНОЧНИОТ СИСТЕМ: Копираме од некои земји кои претходно го препишувале даночниот систем од нас или вакво оданочување има само во „банани“ држави

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чудни решенија произлегуваат од главите на млади советници. Ова особено за оданочувањето со даночна стапка од 15 проценти на капитални добивки, на приходите од имот, на закупнините.

Тоа се примитивни решенија, вели за Фактор, универзитетскиот професор д-р Живко Атанасовски, креатор на македонскиот даночен систем. Вели дека даночењето со вакви стапки на приходите од капитал постои во некои некои земји кои претходно го препишувале даночниот систем од нас или само во „банани“ држави. Атанасовски смета дека со прогресијата, нема да се постигне правичност во распределбата на доходот како што тврдат од Владата.

Тој потенцира дека со оваа мерка нема да се постигне правичност.

-Но веќе реков, чудни решенија произлегуваат од главите на млади советници. Ова го мислам најмногу за оданочување на 15 отсто на капитални добивки, приходи од имот. Тоа се примитивни решенија. Ги има во некои земји, но не сме требале да се огледаме на нив. Тие учеле од нас за даночен систем, а сега ние ќе земеме пример од Албанија за капитални добивки на пример. Ова е штетно решение. Не може Владата да диктира каде даночните обврзници ќе инвестираат, дали во капитал дали во имот и од каде ќе вадат приходи. Тоа е неприфатливо, затоа што кај нас даночниот систем е одличен и е поставен на неутрална основа да не влијае на одлуките. Со ова решение исти приходи по висина ќе се оданочуваат со различни стапки само затоа што се од различни извори. Едни со 10 отсто, а другите само затоа што се од капитал или имот ќе се оданочуваат со 15 отсто. Вакви решенија има во банани држави – тврди Атанасовски за Фактор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This