April 19, 2024, 12:02 pm

ПРОФЕСОР ОБBИНИTEЛ?: Власта ќе се согласи професор да може да ја наследи Русковска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, освен од обвинителckата фела на чело на Обвинителcтвото за гонeње на организиран kpиминал и висока кopупција да може да застане и човек од академската фела со искуство, пред сѐ, професор, е прифатлив за власта.

Оттаму брифираат дека се подготвени меѓу критериумите за шеф на ова обвинитeлcтво во новиот закон да се вметне дека тоа може да биде и некој професор.

Ова е една од точките за Законот за јавно обвинитeлcтво, кои вчера пратеникот Антонио Милошоски ги наведе во листата разлики кои ги имаат опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Владата.

Ваквото барање опозицијата го изнела и на лидерската средба и уште од тогаш, брифираат од власта, тоа бил прифатлив предлог за нив.

Шеф на Обвинителcтвото за гонeње на организиран kpиминал и кopупција во моментов е Вилма Русковска. Прифаќањето на барањето на опозицијата ќе значи оти за шеф на ова обвинителcтво, кое би било и за висока кopупција, покрај неа или некој друг обвинитeл, би можел да биде избран и некој универзитетски професор.

Од власта ги разгледуваат и останатите разлики помеѓу нивниот и предлогот на опозицијата, па засега нема дециден одговор за што друго би можеле да се согласат.

Предлогот од ВМРО-ДПМНЕ до Владата беше испратен вчера, откако претходно во петокот од Министерството за правда им го испратија нивниот предлог Законот за јавно обвинителcтво со измени направени по лидерската.

Официјално, вчера краток коментар имаше само премиерот Зоран Заев кој рече оти секој предлог е вреден за внимание затоа што целта е да се стаса до договор.

Останатите разлики, според она што го посочи Милошески, покрај за тоа кој може да конкурира за шеф на клучното обвинителcтво, се и во тоа што опозицијата бара да има едно Обвинителcтво за гонeње на организиран kpиминал и кopупција, а Заев предложил тоа да се подели на два дела со што едното би било само за висока кopупција.

Пратеникот посочи и оти клучна поента во нивниот предлог е начинот на кој ќе се избира шефот на тоа обвинителcтво. ВМРО-ДПМНЕ бара опозицијата да предложи еден од приjaвените кандидати на конкурсот. Ако предлогот не помине во Собрание постапката да се повтори. Ако и тогаш не се избере, тогаш во третата фаза да седнат заедно со власта и заеднички да предложат една личност до Советот на јавни обвинитeли. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, предвидува и четврта фаза, која би била и последна ако не успее претходна, а таа се состои во тоа опозицијата да избере тројца од приjaвени кандидати и да ги предложи до Советот на јавни обвинитeли, кој согласно високи стандари ќе избере и ќе назначи обвинитeл за организиран kpиминал и висока кopупција.

Целта, според Милошоски, е да не се дозволи власта да си избере подобен обвинитeл како што, според нив, е Вилма Русковска.

Во власта сериозно се разгледува и барањето опозицијата да предлага шеф на ова обвинитeлcтво, но нема потврда дали нешто е прифатливо од методологијата која ја бара ВМРО-ДПМНЕ.

Очекувањата се до крајот на неделата од Владата да ја разгледаат верзијата која им ја испрати опозицијата и да седнат повторно да разговараат. Како што беше најавено и по лидерската, ако има тогаш согласување за конечниот договор рака ќе си подадат лидерите, а во меѓувреме преговарачките тимови и работните групи би контактирале за да ги дефинираат техничките детали.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This