Проф. Ванковска: Ова ни во најдобрата политичка сатира не би можело да се измисли

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова ни во најдобрата политичка сатира не би можело да се измисли, а вистина е:

„Најголем дел од дополнителните 157.000 евра Јанева ги добивала како додаток за доверливост – да не открива што чула во „бомбите“, а земала и надоместоци за кирија и за тоа што работела вон градот во кој живее.“ Замислете, државата ја плаќа (поткупува/потплаќа/натплаќа) за да си ја врши работата, т.е. да не открива што слушнала во „бом бите“

Тоа е како мене да ме плаќаат со илјадници евра за да држам предавања и испити – надвор од платата (која ми е 700 евра, т.е. најмалку пет пати пониска од таа на Кејти)! Веќе одамна кажав дека Јанева не е толку специјална, колку што државата ни е со посебни/специјални потреби. Таа беше само персонализација на општиот гнилеж и распад на институциите – се’ додека не ја претворија во кутра самохрана и невработена мајка. Овде сите глумат лудило, а главен поткупувач и најкорумпиран актер е токму државата – таа која ни потфрла преку астрономски буџет трошки за да гласаме за неа и која вака купува „доверливост“. Ова е Потемкинова Македонија .. Не можеме да ја исплачеме колку е за жалење што нам ни се паднала …напиша Ванковска на својот ФБ статус.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This