Проф. д-р Ѓорѓи Маркоски е нов прeтседател на Сојузот на математичарите на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Проф. д-р Ѓорѓи Маркоски е нов прeтседател на Сојузот на математичарите на Македонија. На вонредното собрание што се одржа вчера на Машинскиот факултет во Скопје математичарите конечно избраа нов предводник. Математичарите чекаа три години претходниот претседател Алекса Малчески со истечен мандат да свика вонредно собрание за да може да се избере ново раководство. Тој го раководеше сојузот од 2012 година.

Ѓорѓи Маркоски е професор на Природно-математичкиот факултет. Тој е член и на Управниот одбор и на СММ. Другите шест члена на одборот се: Делчо Лешковски, Катерина Хаџи-Велкова Санева, Слаѓан Станковиќ, Петар Соколоски, Никита Шекутковски, Мирко Петрушевски.


Проф. д-р Ѓорѓи Маркоски

Членови на надзорен одбор се: Трајче Ѓоргиевски, Мартин Лукаревски и Бојан Јовески.
Математичарите си посакаа успешна, чесна и транспарентна работа, во која учениците и студентите ќе бидат најсреќни, а родителите и професорите ќе се гордеат со нивните успеси.

– Мора прво да ја видам финансиската состојба на Сојузот. Со оглед на тоа дека организирањето на натпреварот „Кенгур“, кој му носеше најмногу пари на сојузот, од пред некое време го презеде здружението на Малчески – „Армаганка“, ќе мора да најдеме начин како да се финансираме. Ако можеме, ќе интервенираме во меѓународната организација на „Кенгур“ за да ни ги вратат правата за организирање.

Во првата фаза ќе назначиме уредници на списанијата што ги издаваме. Ќе реагираме во однос на предлог-законот за основно образование, иако на ниво на Природно-математичкиот факултет веќе упативме забелешки. Членството во Сојузот не ни е ажурирано, ќе работиме на неговото зајакнување. Имаше локални разграноци што низ годините се откинаа од Сојузот поради лоша комуникација или некомуникација со претходното раководство. Сигурен сум дека тие ќе се вратат – посочува Маркоски.
Тој додава дека мора да се најде системско решение за проблемот со финансирањето на олимпијадите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This