Проф. Стафилов: Опacнocта од „Охис“ е огромна, но таму нема eкcплoзивни матepијали

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Деновиве во јавноста се дебатираше околу складираната хемикалија во фабриката „Охис“ и можноста таа да предизвика експлозија слична на онаа во Бејрут.

Нема споредба меѓу несреќата во Бејрут, предизвикана од експлозија на несоодветно чувана хемикалија и потенцијалната опасност за Скопје од хемикалиите на „Охис“, вели професорот Трајче Стафилов од Институтот за хемија на ПМФ во изјава за новинската агенција МЕТА.

Винил хлоридот, кој во „Охис“ стои неколку децении во дотраена цистерна не е експлозивна, туку токсична хемикалија и опасноста од неа е голема, но не на начин како од амониум нитратот, кој е предизвикувачот на разорната експлозија во главниот град на Либан.

Стафилов вели дека опасноста од „Охис“ е огромна, но таму нема експлозивни материјали. Несреќата во Бејрут ја предизвикала експлозијата на 2.750 тони амониум нитрат, што се користи за производство на ѓубриво и за бомби, кој шест години бил складиран на пристаништето без мерки за безбедност. Како споредба, во „Охис“ има 14 тони винил хлорид, кој во моментов е под надзор.

Амониум нитрат се користи за производство на експлозиви, а винил хлоридот е токсичен и е опасен доколку се вдише. Двете хемикалии не може да се споредуваат, посочува Стафилов.
Некогашниот хемиски гигант „Охис“ во старите хангари крие различни типови хемиски супстаниции, кои останале од некогашото производство. Фирмата е под стечај, а притисокот од јавноста е кон државата за што поскоро да се исчистат сите типови на опасен отпад кој е несоодветно складиран.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This