Проф. Трајковски анализира: Eфeктивнocтa нa вakцинитe пpoтив зapaзyвaње пpoдoлжyвa дa oпaѓа co тeкoт нa вpeмeто

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во неделата 24.09 – 30.09.2021 уделот на вакцинирани кај заразените изнесувал 36,3%, при удел на целосно вакцинирани во возрасната популација (две недели претходно) од 39,9%. Ова одговара на ефективност на вакцините (намалување на ризикот) против заразување од приближно 20,3% (портокаловата линија на првиот дијаграм), информира професорот Дејан Трајковски, кој редовно се занимава со ковид-статистиката во земјава.

Според него, уделот на вакцинираните кај починатите во истата недела изнесувал 23,3% (приближно ќе сметаме дека сите биле постари од 60 години, иако биле околу 95% во таа група).

-Уделот на вакцинираните во возрасната група над 60 години (3 недели претходно) изнесувал 68,7%. Тоа дава ефективност на вакцините (намалување на ризикот) против смртен исход , кај постарите од 60 години, од 84,1% во изминатата недела. Доколку вакцините не би штителе од смртен исход, уделот на вакцинираните наместо 23,3% би изнесувал околу 68,7%, односно колку што изнесува нивниот удел во популацијата над 60 години.

Ја користиме претпоставката дека бројот на жители во државата изнесува 1,8 милиони, од кои 1,5 милион возрасни, според првичните податоци од штотуку завршениот попис на населението, што не мора да значи дека е точен. Едно е сигурно, бројот на возрасни сигурно не е поголем од 1,72 милиони, односно вкупното население сигурно не е поголемо од 2,1 милиони, затоа што во тој случај ефективноста на вакцините би опаднала на 0%, што не е можно. Од друга страна, со помал број на жители би добиле повиока ефективност.

Моменталниот временски интервал после втората доза кај вакцинираната популација изнесува 67,3 дена. Ефективнста на вакцините против заразување продолжува да опаѓа со текот на времето, додека ефективноста против смртен исход сé уште не покажува знаци на намалување.

На десниот дијаграм забележуваме дека, сосема очекувано, продолжува да се зголемува учеството на вакцинираните кај заразените и починатите, со оглед на сé поголемиот опфат со вакцинација на населението. Изгледа дека броевите не се „штеловани“ и изгледаат прилично логични.ж

За поточна пресметка би морале да ги знаеме сите броеви на заразени и починати, вакцинирани и невакцинирани, во возрасни групи на секои 10 години. Сепак, имаме определена претстава за намалувањето на ризикот поради вакцинација, се вели во објавата на Трајковски.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This