ПРОЦЕСОТ ВЕЌЕ ПОЧНА:Со Трамп американската империја ќе падне, вели човекот што го предвиде падот на СССР

Поврзано

- Advertisement -
Социологот што го предвиде падот на Советскиот Сојуз во декември предупреди дека американската глобална моќ е во фаза на брзо слабеење под раководство на Доналд Трамп – и дека таа целосно ќе пропадне додека тој е во Белата куќа. Сега вели дека процесот веќе почнал.
mkd-307270
- Advertisement -

Норвешкиот професор Јохан Галтунг е познат како „татко“ на мировните студии и во светот е познат по своето многу успешно предвидување на големи историски настани, вклучувајќи ги протестите на плоштадот Тјенанмен и терористичките напади на 11 септември 2001.

Неговото предвидување дека САД ќе престанат да бидат светска велесила до 2025 година предизвика многу контроверзии, но за време на администрацијата на Буш тој таа граница ја префрли на 2020 година. Сега вели дека таквото сценарио е неизбежно под раководство на Доналд Трамп и дека падот на американската империја веќе почнал.

Галтунг вели дека одбивањето на некои земји да оформат воени сојузи со некогаш најмоќната нација на земјата е знак дека САД веќе немаат доминација во светот.

Според Галтунг: „Видете, за да биде јасно уште еднаш; не постои такво нешто како задолжителна пропаст на САД. Падот на американската империја веќе се случува, како што објаснив претходно, бидејќи останаа многу малку земји – во суштина, Велика Британија, Норвешка и Данска – спремни да се борат и да убиваат за САД.

Другите членки на Европската Унија во Братислава на 6 ноември 2016 рекоа дека веќе нема да се борат во американските војни. Трамп ќе мора да се справи со тоа. Значи, повторно, мојата поента не е пропаст на САД, туку пропаст на американската империја. Според моето мислење, ако победеше Хилари Клинтон, таа веројатно ќе одеше кон нуклеарна војна со Русија, а Данска веројатно немаше да го прифати тоа. Така може да се каже, на тој начин, дека последниот дел од американската империја ќе го снемаше, но по која цена? Со страшен тресок наместо со шепот.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This