ПРОЧИТАН И ОД АЛБАНЦИТЕ: Зијадин Села порача дека Заев манипулирал со Албанците и ништо немал да исполни!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев манипулира со Албанците во Македонија и дијаспората со ветувањата за продлабочување на рамковниот договор и проширена употреба на албанскиот јазик. Ветува се, за да се обиде да ги придобие гласовите на Албанците, а потоа ништо нема да исполни, вели Зијадин Села градоначалник на Струга и предводник на Движењето за реформи во ДПА.

zijadin-sela

Според него Охридскиот рамковен договор не е доволно решение за правата на Албанците,а ризично е што Заев се обидува да одземе дел од албанското гласачко тело. Села ова го тврди иако минатата недела заедно со Заев на покана на порталот Албинфо беа на дебата со дијаспората во Швајцарија. Токму оваа земја како и Косово според Села треба да бидат пример.

Заев пак на дебатата кажа дека јазикот бил само средство за комуникација и немало ништо страшно во проширувањето на рамковниот договор и воведување на албанскиот, како втор службен јазик во земјава.

Според владејачката ВМРО-ДПМНЕ крајните мотиви на Заев биле редефинирање на државата и менување на уставниот поредок и уривање на позициите на Република Македонија во споровите што ги има со соседите, вклучувајќи го и прашањето за името.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This