ПРОШИРУВАЊЕ НИ НА СОН: Проширувањето на ЕУ, ставено во фиока, не е во фокусот на Унијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчерашниот Самит во романскиот град Сибиу само ги потврди стpaвувањата дека проширувањето во моментов е на дното на интерес на Европската Унија и во длабока сенка на изборите за Европскиот Парламент за две недели.

Ниту во завршната декларација за идните приоритети, ниту во серијата обраќања на европските челници ниту еднаш не беше споменат Западен Балкан, а уште помалку земјите кои се надеваат на почеток на преговори со Унијата.

Првиот човек на Европскиот Совет во заминување, Доналд Туск, кој обраќањето го почна со ракавици на екс романскиот голман Хелмут Дукадам, како симболичен гест дека ќе ги бpaни европските интереси, целиот говор го посвети на европските избори, воедно најавувајќи вонреден самит на Унијата, посветен на изборните резултати, на само ден пред објавувањето на извештајот за Македонија.

-Би сакал да објавам дека веднаш по изборите за Европскиот Парламент, на 28 мај ќе свикам средба на сите лидерите на ЕУ со цел да почне процесот на номинација. Мојата намера е да го спроведам изборот на шефови на институциите на ЕУ на брз, непречен и ефикасен начин, изјави Доналд Туск, претседател на Европскиот Совет

Дека трката за фотељата на Јункер, Туск и Драги е во фокусот на Брисел, вчера индиректно потврди и евроамбасадорот Жбогар, посочувајќи дека нема гранции оти земјава ќе го добие датумот за преговори.

-Ние сме пред парламентарни избори, нова комисија и нов претседател на Советот кој ќе треба да биде поставен до крајот на годината. Денеска не можам да соопштам дека ќе добиете датум за преговори во јуни, додаде Самуел Жбогар, евроамбасадор

Извештајот за Македонија се очекува да биде објавен на 29 мај, три дена по европските избори. И во случај земјава да добие беспрекорен извештај, клучниот збор сепак ќе го имаат сите 28 земји членки посебно. Доколку има консензyc, Европскиот Сов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This