„Проcти им сине“: Северина со емотивно писмо до малиот син откако ѝ го од3едоа старателството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Северина ја изгуби правната битка со Милан Поповиќ. Според судската одлука, нивниот син Александар ќе живее со таткото и таа има право да го гледа само двапати неделно попладне и секој втор викенд да го поминува со него од сабота наутро до недела навечер.

По пресудата, хрватската ѕвезда веднаш го предаде детето кај Милан, а на Instagram се огласи со емотивно писмо:

Северина

Знаеш сине,

Тоа се само некакви хартии кои некој ги испиша и некакви букви кои некој ги накуцал во зборови, кои не вредат за нас двајца.

Нè разделија еден од друг физички, но тоа е сè што можат да направат. После седум и пол години, сега ми даваат да те гледам 88 часа месечно. Еј, па тоа се сепак 88 часа. Можеше да бидат и помалку, сè можеа и сè направија за да нè повредат.

Но, знаеш ли што сè можеме, ти и јас со 88 часа? Можеме да направиме чуда. Ми дадоа двапати месечно да можам да преспивам со тебе и да те приспивам… Еј, тие не можат ни да си замислат колку ние можеме да се изназборуваме за тие две ноќи. Во сите други ноќи, мама ќе те замислува. Затоа што ти се претвораш во секоја моја мисла и секоја моја мисла се претвора во тебе.

Некои непознати луѓе можат да ми те забранат, но не можат да ми забранат да те сакам, да мислам на тебе секоја секунда. Ова, сине, е само лош сон и мама ветува дека за брзо ќе се разбудиме.

Повторно ќе се приспиваме секоја вечер, а за тоа ќе одлучи „господин време“. Дотогаш, мама е секогаш со тебе и ова брзо ќе помине, сине.

Прости ми што не стигнав да ти објаснам што се случи вчера, имавме многу важни обврски… Гледавме „Toy Story 4“, па печевме палачинки, па игравме зоолошка… Немаше време за тага, ни за објаснувања… Морав да те одведам…

Отидовме со насмевка.

Тие чудни зборови кои постојат само на хартија, но не и во реалноста, ги напиша една тетка која не знае кои сме ние и која си игра со нас… Тетката е на високо ниво во играта. Воведе нови правила во играта „хрватско правосудство“. Ние ова не ни го помислувавме, не ги знаевме правилата. Тоа се нејзини правила, нивни, не наши.

Само ти биди ми добро и сè ќе биде добро. Мама е добро, Робине мој, твојот Бетмен те чека.

И прости им сине, затоа што навистина не знаат што прават…

Северина

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This