Прoнаjдeни мacoвни гpoбници во Укpaина: Оcтaтoци од илјaдници жpтви на чиcтките на Стaлин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во околината на Одеса се пронајдени масовни гробници со остатоци од илјадници лица убиени во чистките на Сталин во триесеттите години на минатиот век, што е една од најголемите такви масовни гробници во Украина, соопштија властите во средата, пренесува МИА.

На површина од пет хектари до денеска се пронајдени 29 гробови со посмртни останки на 5.000 до 8.000 луѓе, во близина на аеродромот во Одеса, изјави за француските меидуми, Сергеј Гукалук, шеф на Институтот за национално сеќавање.

Меѓутоа, се додека трае ископувањето оваа бројка се уште може да расте. Остатоците се пронајдени откако локалните власти наредија пробен ископ за да се одобри работа за проширување на аеродромот, бидејќи веќе беа пронајдени масовни гробници на местото.

Гучаjук изјави дека жртвите, жители на таа област, советската тајна полиција НКВД, претходникот на КГБ, главно биле убивани со куршум во задниот дел на главата. Жртвите биле погубени меѓу 1937 и 1939 година, за време на владеењето на теророт на Сталин.

Според него, нема да може да се идентификуваат жртвите бидејќи Москва, која ги чува документите за тие чистки означени како тајни, „нема да ги предаде“ на Украина поради тензијата меѓу двете земји.

-За време на пробните ископувања во 1993 и 2008 година, беа откопани речиси 1.600 останки, рече Гукаjук.

Според украинските историчари, за време на чистките на Сталин во 1930 -тите го логорите гулази биле егзекутирани или затворени стотици илјади Украинци.

Едно од најозлогласените места за масовни егзекуции е шумата во близина на селото Бикивнија, недалеку од Киев, каде што биле убиени и погребани десетици илјади жртви од 1937 до 1941 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This