ПУКАНО ВО РУСКИ НОВИНАРИ ВО СИРИЈА: Непознати напаѓачи отвориле оган кон автобус полн со новинари од Русија во Источна Гута

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Врз автобус полн со новинари од Русија, кои се враќале по припремите за извештајот за Источна Гута, бил отворен оган од страна на непознати напаѓачи од пешадиско оружје, соопшти Министерството за одбрана на Русија


„На 11.април околу 17.20 часот (по средноевропско време) автобус со руски новинари кои се враќаа по припремите за веста околу ситуацијата во Источна Гута (Сирија) беше отворен оган од непознати напаѓачи од пешадиско вооружување“, се наведува во соопштението.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во престрелката се ранети дописникот на телевизијата Алексеј Ивлев, оператор на телевизијата „Русија 1“ Михаил Виткин и операторот на „Ѕвезда“ Владислав Додонов. Сите се „полесно повредени во ногата“.

„Лекарите од рускиот Центар за помирување на завојуваните страни веднаш на лице место им укажаа целосна неопходна лекарска помош. Нивните животи не се загрозени“, нагласува МО на Русија.

Во тек е евакуација на повредените новинари во болница поради неопходното лекување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This