ПУКАЊЕ ВО САРАЈ: Полицијата трага по две лица кои пукале во Ласкарци, во општина Сарај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера околу пладне во Полициската станица Сарај, И.З. пријавил дека во село Ласкарци, општина Сарај, С.М. од село Ласкарци со пиштол му упатил закани по неговиот живот. По преземени мерки, било констатирано дека при вербална расправија помеѓу И.З. и Д.Р. од село Бојане, скопско и Џ.А. од село Мала Речица, тетовско, поради ископ на песок од река на парцела во сопственост на И.З., пристигнал С.М. и физички ги нападнал И.З., Д.Р. и Џ.А..

Притоа, пристигнал и А.Ј. од село Грчец, другар на С.М., и со пиштол испукал неколку куршуми во воздух и неколку куршуми кон И.З., Д.Р. и Џ.А., но не ги погодил.

После тоа, А.Ј.и С.М. побегнале од местото, избегале во непознат правец, а И.З., Д.Р. и Џ.А. побарале помош во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This