ПУКАЊЕ СРЕД БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА АТИНА: Напад врз полицајци и самоубиство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 Го застанале за проверка, извадил пиштол, пукал кон полицајците, повредил еден од нив, избегал и потоа се самоубил. Сериозен инцидент се случи утрово во центарот на Атина, кога непознат маж, според грчките медиуми, веројатно странец, си го одзел животот, откако прво застрелал полицаец.

atina-1-640x426

Според првичните информации во грчките медиуми, сѐ започнало околу 11 часот утрово, кога полицајците го застанале непознатиот маж за рутинска проверба, бидејќи им се видел сомнителен. Наместо документи, извадил пиштол и со 3 истрели ги нападнал полицајците. Еден од нив бил полесно повреден во рамото. Полицајците одговориле на нападот, но непознатиот маж побегнал. Кусо подоцна, во обид да го пронајдат, слушнале 3-4 истрели и го пронашле безживотното тело на мажот кој се самоубил.

Грчката полиција работи на расчистување на случајот. За сега не постојат информации кои се мотивите и кој е мажот што ги нападна полицајците, па потоа се самоуби.

Инцидентот се случи во центарот на Атина, во близина на општинската зграда, но и во близина на градскиот пазар, дел кој што во сабота нападне е полн со луѓе.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This