ПУКОТНИЦИ ВО ОХРИД: Со огнено оружје изрешетан паркиран автомобил во Охрид!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Засега непознат сторител со огнено оружје ноќеска оштетил автомобил „опел астра“ со охридски регистарски ознаки додека возилото било паркирано во импровизирана лимена гаража.

kola_kursumi
Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи (МВР), Н.С. (25) ноќеска во 02:05 часот во полициската станица Охрид пријавил дека неговото возило „Опел Астра“ било оштетено. При увидот полициските службеници констатирале дека истата вечер во периодот од 22 до два часот, засега непознато лице со огнено оружје, од проектилите го оштетило задното ветробранско стакло, стаклото на предна лева врата, задната лева врата, задното лево крило. На лимот од гаражата, пак, имало повеќе отвори кои наликувале дека се предизвикани од проектили од огнено оружје, соопшти во редовниот Билтен на МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This