ПУКAA ШАМПАЊИ, А ОД ПОКАНА АБЕР НЕМА: Немаме ниту скрининг, ниту датум за преговори – само Македонија ја имаме сѐ помалку!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за да ја измени неправдата со договорот со Грција најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на ТВ-дебатата со уредниците на националните телевизии.

 

Мицкоски истакна дека македонската дипломатија водена од министерот за надворешна работи, Никола Димитров, кој што се срами како што вели тој од искомплексираната нација доживеала дебакл.

Дебаклот на македонската дипломатија која што ја предводеше министерот кој што се срами од искомплексираната нација е евидентен и тој беше крунисан со договорот од Преспа, кажа Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО ДПМНЕ нема да ветува работи кои што нема да ги исполни, но напомена дека се обврзува и може да вети дека кога партијата ќе ја добие довербата од граѓаните ќе стори се што е во нејзина моќ овој процес да го измени.

Според него оваа влада ниту има капацитет, ниту пак план како тоа да го спроведе, а ако продолжи вака, Република Македонија нема да добие датум за преговори ниту оваа година.

Немаме преговори со Европската унија. За жал ни почетна позиција во сето тоа, имаме неколку фингирани работи на хартија и тоа е тоа. За да направиме нешто суштински, треба и на дело да се види. За жал ниту имаат капацитет, ниту имаат план како тоа да го спроведат. Токму поради тоа ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да придонесе во рамките на тој процес на преговори, во рамките на таа реформска агенда што е неопходна за Македонија, барем да се доближи до некаков датум за отпочнување за преговори, кој што не се случи во минатата година иако беше силно најавува дека летаа шампањи, па не знам скринингот ќе почнел, па не знам ова ќе почнело и еве година подоцна ние повторно зборуваме за скрининг. Но знаете што е поразлично? Што ни се случија сите овие порази во меѓу време, нереализирани ветувања и очекувања неостварени, е тоа е различно. Ја имаме Македонија помалку, е тоа ни се случи минатата година, а немаме ниту скрининг, ниту датум за преговори, ниту пак оваа година ќе имаме. Ако вака продолжиме несериозно да се однесуваме кон овој процес, ниту пак оваа година ќе имаме почеток на преговорите, вели претседателот Мицкоски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This