Пулмологот д-р Радосављевиќ: Еден 3aбoлен од kopoна може да 3apa3и уште 100, ова може да ве заштити од виpуcот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само еден заразен со коронавирус без маска може да зарази 100 други кои исто така не носат, а од тоа се оддалечени помалку од еден и пол метри, вели пулмологот д-р Татјана Радосављевиќ.

Како што предупредува д-р Радосављевиќ, маската мора да ја носат болните луѓе во болниците, сместени меѓу другите заразени лица, но и здравите луѓе меѓу здравите луѓе.

– Ако носат маски и заразеното лице и другите 100 лица, дури 95 од нив се заштитени. Бидејќи нема лек за овој вирус, маските се апсолутно единственото безбедно средство за заштита, поради што сите мора што побрзо да ја сфатиме нивната важност. Дури и оние кои се во болница заради оваа инфекција треба да носат маска, затоа што на тој начин ги штитат лекарите, но и другите пациенти кои имаат пневмонија, но не им е потврден коронавирус – истакнува д-р Радосављевиќ.
Таа наведува дека клиничките слики на заразените сега се исти како што биле на првиот пик на епидемијата.

– Сè уште имаме тешки пациенти, а сите релевантни истражувања покажуваат дека вирусот не е променет генетски. Ниту е поопасен, ниту послаб. Не можеме да кажеме со сигурност и дека вакцината целосно ќе го елиминира, но секако ќе трае најмалку една и пол година до првата вакцина – вели д-р Радосављевиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This