Путин: Американските caнкции се енигма за Москва

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека американските санкции против Русија се водени од американската внатрешна политичка трка и дека тие претставуваат енигма за Москва.

Путин, кој зборуваше на годишниот економски форум во Санкт Петербург, рече дека САД се отворени во обид да го запрат развојот на Русија, објави „Ројтерс“.

Претседателот на Русија смета дека за време на разговорите со својот колега од САД, Џо Бајден, во Женева на 16 јуни, двете страни мора да бараат решение за регулирање на билатералните односи.

„Ќе разговараме за билатералните односи и верувам дека ќе се обидеме да најдеме начин да ги регулираме тие односи. Во моментот тие се на многу ниско ниво, тоа добро го знаеме“, рече Путин, пренесува ТАС С.

Тој додаде дека ќе разговараат за стратешка стабилност, регулирање на меѓународните конфликти во жешките зони.

„Се надевам дека ќе зборуваме за процесите на разоружување, борбата против тероризмот. Ќе се дискутира и за борбата против пандемијата и еколошките прашања“, додаде Путин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This