ПУТИН: Верувајте и на Русија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанскиот весник  „ Ла Стампа“ објави текст потпишан од Владимир Путин под наслов „Дојде време кога треба да и се верува на Русија“ во кој се наведува дека меѓусебната недоверба пречи за пронаоѓање на ефикасен одговор на заканите.

1108503537

Во текстот, објавен во У чланку,  „ Ла Стампа“, се наведува дека воениот блок НАТО , кој е создаден за време на Ладната војна, не е адаптиран според новите услови, без оглед на тоа што се изјавува.

Сегашниот систем на меѓународни односи постојано е во треска, но еден дел од партнерите на Русија воопшто не сакаат да ги решат светските проблеми, се наведува во материјалите со потписот на рускиот претседател Владимир Путин. „Сите гледаме што се случува во Авганистан, Ирак, Либија и во многу други земји. Интересно: каде се резултатите од борбата против тероризмот и екстремизмот? Во целина, ако погледнеме на целиот свет, на регионално ниво, во некои области, постигнавме резултати, но борбата против тероризмот во целина не беше успешна и заканите продолжуваат да раста“ се наведува во текстот.

Текстот е превод на дел од говорот на Путин на  Валдајскиот форум, посветен на меѓународните проблеми.

Рускиот претседател воедно нагласи дека ,, несогласувањата поврзани со прераспределба на економската моќ и политичкото влијание, само растат, теретот на взаемната недоверба ја намалува можноста за ефикасно да се одговори на реалните предизвици и реалните закани кои стојат пред светската заедница„

Земјите кои, како што е Русија, кои можат да се потпрат на илјади годишна историја, во светот се малку и ние научивме да го цениме националниот идентит, слободата и независноста. При тоа , ние не тежнееме ниту кон глобална доминација , ниту кон некоја експанзија  , ниту војна со било кој “ истакнува Путин.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This