April 24, 2024, 10:21 pm

ПУТИН ВО УНГАРИЈА НА СРЕДБА СО ОРБАН: Ќе се разговара за „Турски тек“ и „Северен тек“ и регионална соработка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Путин и унгарскиот рпемиер Орбан ќе се сретнат по седми пат. Оваа средба ќе има работен карактер и ќе биде одраз на добрите и сигурни односи на двајцата државници. Се развиваат меѓупарламентарни контакти и засилена економско-енергетска соработка помеѓу двете држави

orban_putin

Средбата во Будимпешта е биде организирана во неколку формати. На почетокот ќе биде одржан состанок во скратен состав, а потоа непосредно руско-унгарските прегоори ќе продолжат со учество на клучните министри. Потоа ќе биде организирана и конференција за новинарите и работен ручек.

Во рамки на посетата планирано и потпишување на два документи. План за консултација помеѓу министерствата за надворешни рабтои на Русија и Унгарија за 2017 година и комплексен програм за меѓурегионална соработка во периодот од 2017 до 2022 година.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров се сретна со својот унгарски колега дури четири пати минатата годна. Оваа годин исто така се видоа на 23. јануари. Се развиваат и меѓупарламентарните контакти. Индикативно е и тоа што меѓувладината комисија за економска соработка на двете држави нема престанато со работа, без обзир на санкциите кои иницијално ги воведува Европската унија.

Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков пред состанокот помеѓу Путин и Орбан изјави дка соработката помеѓу Русија и Угнарија во сферата на енергетиката е доста активна, како и дека Будимпешта ќе настојува да ги задржи позитивните политички односи со Русија.

Ушаков изјави дека претседателот Путин утре во текот на својата посета на Унгарија ќе разговара за соработката помеѓу двете држави во рамки на проектите „Северен тек“ и „Турски тек“.

Русија е заинтересирана да извезува гас во Европа и без проблеми да остварува транзит на енергенси. „Северн тек“ беше на некој начин алтернатива за транзитна испорака на гас преку Украина, вели за Спутник Олег Лушников, експерт на рускиот институт за стратешки истражувања.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This