ПУТИН ГИ ПОЗДРАВИ ПРЕГОВОРИТЕ: Ги поздравуваме напорите на Вашингтон и Пјонгјанг за решавање на кризата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија ја цени насока на Вашингтон и Пјонгјанг за решавање на кризата на Корејскиот полуостров преку дијалог и очекува дека ова ќе им овозможи значително намалување на тензиите и да се создадат услови за стабилен систем на безбедноста во регионот и во иднина, изјави во петокот рускиот претседател Владимир Путин.

“Во овој контекст, би сакал да го привлечам вашето внимание на резултатите од неодамнашниот самит помеѓу САД и Северна Кореја, во Сингапур на 12 јуни”, изјави Путин по средбата со претседателот на Јужна Кореја Мун Jae Ин во Москва.

Рускиот претседател оцени дека ситуацијата на Корејскиот полуостров постепено се подобрува во последно време, како и обновените контакти меѓу двете земји.

“По две средби на водачите на Јужна и Северна Кореја, се постигна договор кој дава надеж”, рече Путин.

Тој рече дека приоритет за време на преговорите со претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин беше соработката на двете земји во енергетиката како клучна сфера.

Според него, Јужна Кореја е втор најважен партнер на Русија во Азиско-пацифичкиот регион. Путин истакна дека обемот на трговијата помеѓу двете земји е зголемен и дека Јужна Кореја инвестира во разни области на руската економија.

“За време на разговорите со задоволство,е констатиран динамичен развој на билатералните економски врски. Во текот на изминатата година, трговијата се зголеми за 27 проценти – на 19,2 милијарди долари. Во периодот од јануари до април оваа година, трговијата е зголемена за дополнителни 6,5 отсто “, рече Путин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This