Путин го најави pacпадот на CAД: Америка ќе заврши како СССР и секоја голема импepија претходно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин верува дека Соединетите Американски Држави се соочиле со типичните проблеми на секоја империја или супер сила – уверени во својата моќ, тие си создаваат проблеми со кои нема да можат да се справат, како што се случи со Советскиот сојуз.

Слушаме закани кои сè уште доаѓаат од Конгресот и од некаде на друго место. Сето ова се случува за време на внатрешните политички процеси во Соединетите држави . Луѓето кои го прават ова очигледно започнуваат од претпоставката дека американската економска, воена, политичка моќ е таква и толку голема што тоа што го прават не е ништо страшно. Тие мислат дека ќе преживеат, рече рускиот претседател на состанокот со шефовите на светските новински агенции во рамките на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Путин, како поранешен граѓанин на Советскиот Сојуз, објасни дека проблемот со империјата е што им се чинеше дека се толку моќни што можат да си дозволат мали грешки. Како што објасни, таквите држави некои ги поткупуваат, некои ги заплашуваат, со некои склучуваат договори, на некои им се закануваат со воени бродови и мислат дека така ги решаваат проблемите.

Но, бројот на проблеми расте. Доаѓа време кога не можат да се справам со нив. А, САД прават сигурен, цврст чекор директно на патот на Советскиот Сојуз, рече Путин.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This