ПУТИН ГО ОДЛИКУВАШЕ ДАЧИЌ СО ОРДЕН ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО:За посебни заслуги во зацврстувањето на мирот, пријателството, соработката и взаемно разбирање меѓу народите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Русија Владимир Путин потпиша указ за доделување на државна награда на странски граѓани кои дале посебен придонес за зацврстување на пријателството и соработката со Русија. Помеѓу нив се најде и министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, се наведува на официјалниот портал за правни информации на Русија.

Овие високи награди го доби и директорот на  „Пирелија“ во Русија Ди Савоја Аоста Ајмон. Орден за пријателство доби и помошникот на Претседателот Нурлан Онжанов, председателот на компанијата „Лојдс“ Френкел Аарон Говер.

Овој орден, минатата година беше доделен и на поранешниот претседател на Србија Томислав Николиќ, а предходно на српскиот режисер Емир Кустурица.

Државна награда на Русија — Орден за пријателство се доделува од 1994. година на странски државјани за посебни заслуги во зацврстувањето на мирот, пријателството, соработката и взаемно разбирање меѓу народите, за зближување и взаемно збогатување на културата.

Орденот е направен од сребро со позлата, опкружен со ловорови гранки со зелени и црвени точки од рубин. Во Русија денес со низа манифестации се  одбележува Денот на народното единство, во знак на народното востание за ослободување на Москва од Полска во 17 век, а Руската православна црква и православните верници го слават Денот на иконата Богородица Казањска, чиј лик е поврзан со ослободувањето на Русија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This