ПУТИН ГО УСЛОВИ ЕРДОГАН: Откажи се од Голема Албанија, ако го сакаш ракетниот систем С-400 

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател му соопштил на турскиот колега дека доколку не ги заузда Албанците, нема да му го продаде ракетниот систем со долг дострел, кој му е неопходен за одбрана на Анкара, пишува српски „Информер“.

132264_putin-erdogan1_f

Рускиот претседател Владимир Путин преку дипломатски канали му порача на својот турски колега Реџеп Таип Ердоган да се откаже од поддршката на проектот „голема Албанија“ ако сака да го добие ракетниот систем С-400, тврдат руските медиуми.

Тие наведуваат дека Путин тоа и лично му го кажал на Ердоган, на нивната вчерашна средба во Москва.

Условот на Путин за соработка со Турција е Ердоган да ги заузда Албанците на Балканот, пишуваат руските медиуми.
– Претседателот на Русија е загрижен поради најновите случувања во Македонија. Смета дека на албанските амбиции за проширување на државата мора да им се стави крај. Свесен е дека Ердоган, кој цело време ја поддржува „голема Албанија“, има големо влијание на Тирана, поради што од него ќе побара тоа да го искористи – навел извор од Кремљ за руските медиуми.
Тој додал дека Путин има многу силен адут во преговорите со Анкара.
– Турција нема ракетен систем со долг дострел. Поради тоа веќе со месеци преговара со Русија за купување на С-400. Останува само двете страни да се согласат за цената. Путин ќе го искористи ова во разговорот со Ердоган – вели изворот од Кремљ.
134908_06-s-400x_f
Според него, рускиот претседател го повикал Ердоган во Москва токму сега, поради агресијата на Албанците која во моментот ја гледа во Македонија.
– Путин нема намера да се откаже од поддршката на своите сојузници на Балканот, особено на Србија, која покрај Македонија, е исто така загрозена од албанскиот експанзионизам. Поради тоа руското Министерство за надворешни работи предупреди дека мешањето на надворешни сили во формирањето на владата во Скопје поприми ектремен облик. Меѓу тие странски сили не се само западните држави, туку и Турција – нагласи изворот.
Инаку, Ердоган во изминатите години во повеќе наврати изјавуваше дека турската војска ќе застане зад своите албански браќа, ако тоа е потребно.
– Албанскиот народ има право на самоодбрана и создавање на државата Голема Албанија. Војската Ослободувачката војска на Косово (ОВК) не е револуционерна терористичка организација, туку ја изразува желбата на Албанците да ја бранат својата земја. Турските сили се на готовс и чекаат знак да помогнат во ослободувањето на окупираните албански територии – е само една од изјавите на Ердоган.
134906_06-erdogan01-ap_f
Ердоган, исто така, се закануваше и дека ќе го расцепи целиот Балкан доколку правата на Албанците не бидат почитувани. Освен тоа, даде и поддршка за албанската марионета во Македонија, Зоран Заев, кој сака да направи албанска влада во Скопје, што е само вовед во поделбата на земјата и правење на „голема Албанија“, потенцира „Информер“.

 

Од друга страна, Русија во Македонија го поддржува поранешниот премиер Никола Груевски, кој на изборите во декември доби најголем број на гласови. Кремљ смета дека победникот на изборите треба да направи влада и ја осудува таканаречената Тиранска платформа, напишана од албанскиот премиер Еди Рама, со намера Македонија да ја претвори во Албанија.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This