ПУТИН ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО: Русија прави нова супертешка ракета

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател даде зелено светло за изградба на нова руска ракета-носач од супертешка категорија која ќе биде користена во мисиите на Месечината и Марс, изјави шефот на вселенската агенција „Роскосмос“ Игор Комаров

Како што рече, планот на изработката на новата ракета би требало да се заврши до крајот на следната година.

Комаров додава дека со самото тоа на новоизградениот космодром „Восточни“ ќе биде формиран и нов комплекс и неопходна пратечка инфраструктура за таа ракета, а педвидено е и целокупниот проект да биде реализиран до 2028. година.

Медиумите потсетуваат дека новата ракета од супертешка категорија е неопходна да се реализира проектот „Дип спејс гејтвеј“, кој подразбира лансирање на меѓународната станица во орбитата со цел изучување на Месечината.

Се предвидува првите тестирања на новата ракета да бидат спроведени во 2027.година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This