March 29, 2024, 12:54 am

Путин денес традиционално ќе одговара на новинарски прашања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска ќе се обрати на голема прес-конференција, која традиционално ја одржува на крајот на секоја година.

Сепак, оваа година, поради пандемијата на коронавирусот, настанот ќе се одржи преку видеоврска, јави ТАСС.

Вкупно 774 новинари беа акредитирани за конференцијата, а главните руски ТВ-канали резервираа три часа да го емитуваат настанот. Домашни и странски новинари ќе бидат сместени во Меѓународниот трговски центар во Москва, а вкупно ќе бидат 237 од нив.

Конференцијата ќе почне напладне по московско време, а Путин ќе остане во својата резиденција во Ново Огарјово, каде што е поставен голем видеобим.

Првата конференција за новинарите во овој формат се одржа во 2001 година и траеше 95 минути, а најдолгата траеше во 2008 година – четири часа и 40 минути.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This