Путин дециден: Не cмeeмe да им се зakaнуваме на луѓето со отkaз ако одбијат да се вакцинираат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Принудувањето на луѓето да се вакцинираат против вирусот корона, вклучително и заканата за отказ, е недозволиво, изјави рускиот претседател Владимир Путин на конгресот на партијата „Единствена Русија“.

„Само заедно можеме да ја победиме опасната епидемија. Во суштина, главното оружје против ширењето на вирусот е вакцинацијата, и тука нема ништо ново да се каже. Се разбира, никој не треба да биде принуден да се вакцинира . Притисокот по кој луѓето можат да останат без работа е особено неприфатлив. Мора да бидете во можност да ги убедите скептиците дека е потребна вакцинација, упорно, со почит кон луѓето. Треба да бидат убедени дека е неопходно тие да го сторат тоа, да им се објасни колку е важно да се вакцинираат за да си го спасат животот, здравјето и да ги заштитат своите сакани. „Мора да покажете дека оваа вакцина навистина делува, дека го намалува ризикот од компликации“, изјави рускиот претседател.

Путин посочи дека Русија е горда на своите лекари и медицинскиот персонал

– „Тие работат напорно, несебично, без никакво претерување, без да се штедат“, обезбедуваат медицинска нега, ги спасуваат луѓето, се борат за нивното здравје, меѓу другото и во црвените ковид зони, вели Путин

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This