ПУТИН: Длабоко сме загрижени поради украинското прогласување опсадна состојба и наредбите за приправност на Војската за војна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин изрази длабока загриженост поради одлуката на властите за прогласување едномесечна вонредна состојба поради тензиите во Азовското Море.

Рускиот претседател Путин телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел за тензиите меѓу Русија и Украина до кои дојде поради неделниот инцидент во Керченскиот Теснец.

Од Кремљ е соопштено дека Путин во разговор со Меркел ја обвинил Украина за кршење на меѓународните норми.

„Длабоко сме загрижени поради украинското прогласување опсадна состојба и наредбите за приправност на Војската за војна“, изјави Путин.

Разговорот на Путин и Меркел е организиран на иницијатива на Берлин, а Путин изрази надеж дека Германија ќе го искористи влијанието на официјален Киев и ќе ги спречи властите на Украина во донесување избрзани потези.

Руските сили во неделата отворија оган на три брода на украинската морнарица во Креченескиот теснец кај Крим. Поради тензиите во регионот, украинскиот Парламент синоќа прогласи едномесечна вонредна состојба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This