ПУТИН ДО АНГЕЛА МЕРКЕЛ: Тоа беше агресија – агресијата на сојузниците и САД во Сирија го крши меѓународното право

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според изјавата, објавена по разговорите помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел, двете земји се согласија да продолжат со политичкиот процес за Сирија, вклучително и дискусијата во рамките на платформите во Женева и Астана.

Најновиот воздушен напад на САД, Велика Британија и Франција за Сирија е акт на агресија и кршење на меѓународното право, вели Владимир Путин за време на разговорите со Ангела Меркел.

“Рускиот претседател уште еднаш нагласи дека активностите на западни земји кои извршиле акт на агресија против Сириската Арапска Република, грубо ги прекршиле нормите на меѓународното право, вклучително и Повелбата на ОН, и предизвикале значителна штета во процесот на мирно решавање од сириската криза “, се вели во соопштението.

Прес-службата додаде дека Путин и Меркел ја истакнале важноста да се спроведе темелна и непристрасна истрага од страна на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО) во Сирија.

“Двете страни изразија подготвеност да го олеснат продолжувањето на политичките и дипломатските напори за Сирија вклучувајќи ги оние во Женева и Астана, и да се продолжи со билатералните контакти во врска со ова прашање”, се вели во соопштението.

Во исто време, германската канцеларка Ангела Меркел рече дека Русија, како сојузник на Сирија, ја дели одговорноста за активностите на земјата.

По разговорите, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, рече дека Русија ќе продолжи да се залага за територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија.

Минатата сабота, САД, Франција и Обединетото Кралство започнаа ракетни напади на голем број цели во Сирија, како одговор на наводниот хемиски напад во предградието на Дамаск, Дума.

Според руското Министерство за одбрана, трите земји лансирале повеќе од 100 проектили од кои повеќето биле уништени од страна на сириската воздушна одбрана.
Нападот се случи истиот ден кога мисијата на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО) требаше да започне со истрагата за наводниот напад со хемиско оружје во Дума, за кој Западот веднаш го обвини Дамаск.

По обвинувањата, сириската влада силно негираше дека стои зад наводниот напад и изјави дека ракетниот напад “брутална агресија”.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This