ПУТИН ЗАГРМЕ: Нашиот одговор ќе биде симетричен и ние го супсендираме Договорот !

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ги обвини САД за прекршување на Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (INF), изјавувајќи: „Нашиот одговор ќе биде симетричен. САД соопштија дека го суспендираат Договорот, исто така, и ние ќе го суспендираме“, јавува Anadolu Agency (AA).

Откако САД соопштија дека се повлекле од овој договор, Путин оствари средба со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и со министерот за одбрана, Сергеј Шојгу.

За време на средбата Путин укажа на повлекувањето на САД од Договорот.

„Нашиот одговор ќе биде симетричен. САД соопштија дека го суспендираат Договорот, исто така, и ние ќе го суспендираме. Истакнаа дека реализираат разни активности за истражување и развој, како и дизајн, и ние ќе го направиме истото“, додаде Путин.

Според Путин, САД со различни изговори ги одбиваат предлозите на Русија за разоружување.

„САД директно го прекршија Договорот со тоа што позиционираа проектили во Европа. Нема потреба да се вршат повеќе обиди за преговори со САД во врска со оваа тема“, нагласи тој.

„Со Министерството за одбрана се согласивме дека треба да започне производството на суперсонични проектили од среден дострел. Исто така, ќе се подготви и план, со цел елиминирање на заканата од вооружување во вселената“, истакна рускиот претседател Владимир Путин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This