Путин: Иднината на руската економија е во нанотeхнологијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин е убеден дека нема иднина за руската економија без развој на нанотехнологии.

„Без развој на такви технологии како што е нанотехнологија нема иднина за нашата економија, тоа е сосема очигледно. Ова исто така важи и за вештачката интелигенција и други области, како што е биотехнологијата. Сето ова е многу меѓусебно поврзано во современиот свет“, рече Путин за време на состанокот со заменик-директорот на бордот на Воено-индустриската комисија, Сергеј Куликов.

Тој му предложи на Куликов да застане на чело на „Роснано“ (руска државна корпорација за нанотехнологии). Од 2011 година, шеф на корпорацијата е Анатолиј Чубаис. Гласините за неговото заминување од чело на корпорацијата се појавија во ноември.

Путин додаде дека сè е толку поврзано што секоја компонента мора да биде максимално развиена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This