April 25, 2024, 10:11 am

ПУТИН: Имаме оружје какво што никој нема во светот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека на новото вооружување на Русија му нема рамно во светот и дека тоа ќе обезбеди безбедност на земјите во децениите кои следат, пренесе АП.

Како што се наведува, Путин, обраќајќи се на состанок на воениот врв во Москва, особено ја споменал хиперсоничната ракета „Кинжал“ и хиперсоничната едрилица „Авангард“, нагласувајќи дека ова оружје значајно ги зајакнува воените капацитети на Русија.

АП наведува дека „Кинжал“ веќе и` е испорачан на руската војска, а дека министерот за одбрана Сергеј Шојгу најавил дека „Авангард“ ќе влезе во воена служба наредната година.

Путин исто така рекол дека се надева дека напредното руско оружје ќе ги натера да се замислат, оние кои се навикнати на милитаристичка реторика.

Тој истакнал дека ништо не го спречува разгледувањето на модернизацијата на договорот за нуклеарни сили од среден дострел со други држави или работа на нов договор за оружје во таа сфера.

Рускиот претседател рекол дека вооружените сили на Русија во текот на 2018 година се развивале на урамнотежен и планиран начин и дека нуклеарната тријада на Русија значително зајакната.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This