ПУТИН ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА СРБИТЕ: Ви благодарам за топлиот прием

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин пристигна во 13 часот во целодневна официјална посета на Србија, каде што домаќин му е претседателот на Србија Александар Вучиќ.

По поздравувањата и ракувањата, Путин и Вучиќ влегоа во претседателската лимузина и колоната со претседателите тргна кон центарот на Белград, односно кон Гробиштата на ослободителите на Белград и споменикот на војниците на Црвената армија од Втората светска војна каде што им оддадоа почит.

Од таму се упатија кон Палатата Србија, каде што двајцата претседатели ќе имаат состанок.

Пред почетокот на состанокот кратко се обратија претседателите на Русија и Србија каде што Путин му се заблагодари на Вучиќ и на српскиот народ:

„Им благодарам на сите срби за топлиот прием“, рече Путин.

После еден час е планирана средба на делегациите на Србија и Русија, a потоа и потпишување на билатералните документи во присуство на двајцата претседатели.

Двајцата претседатели по церемонијата на врачување на орден на Путин од страна на Вучиќ, предвидена е прес конференцијата. По обраќањето на двајцата претседатели на медиумите ,предвидена е обиколка и прошетка до Храмот на Свети Сава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This