Путин му пopaча на Ердган да не се меша во договорот за Црното море

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин денеска побара од неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган да го зачува постојниот договор, кој се смета за поповолен за премин на руски воени бродови низ турските мориња на Црното Море.

Барањето е упатено откако Ердоган изрази желба да се изгради нов канал во Истанбул за да се олесни Бофсор, едно од најфреквентните мориња во светот.

Но, проектот, според противниците, може да ја загрози Конвенцијата од 1936 година, која гарантира слободен премин на цивилни бродови во Босфор и Дарданел, во време на мир и војна, пренесува Бета.

За Москва конвенцијата е важна затоа што поставува мали ограничувања за премин на воени бродови на земјите што граничат со Црното Море, вклучувајќи ја и Русија.

Набљудувачите сметаат дека евентуална ревизија на конвенцијата ќе го олесни пристапот до Црното Море со воени бродови од други земји, како што се САД или членките на НАТО, на што Москва би се спротивставила.

„Во врска со турскиот проект за изградба на Истанбулскиот канал, руската страна ја истакна важноста за зачувување на конвенцијата, со цел да се обезбедат регионална стабилност и безбедност“, се вели во соопштението на Кремљ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This