Путин му oдгoвopи нa Бајден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на американскиот претседател му посакал добро здравје.

“Што се однесува до изјавите на мојот американски колега, ние навистина, како што кажа, се познаваме лично. Што би му одговорил? Би му рекол: Да сте живи и здрави! Му посакувам добро здравје”, рекол Путин во текот на состанокот со претставниците на јавноста на Крим.

Ова го кажал како одговор на изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден, дека рускиот претседател ќе плати за своето наводно мешање во американските избори и дека го смета за убиец.

“Кога оценуваме други луѓе и држави, тоа е како да гледаме во огледало”, рекол Путин, пренесува агенцијата “РИА Новости”.

Путин рекол дека во американскиот естаблишмент има многу чесни луѓе и дека Русија ќе се потпира на нив.

Претседателот на Русија оценил дека Вашингтон е посветен на односите со Москва само под свои услови, а дека Русија ќе работи само под услови кои се поволни за неа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This