ПУТИН ПОВИКУВА НА РАЗУМ: Нови ракетни удари во Сирија ќе значат хаос за целиот свет!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Русија Владимир Путин телефонски разговарал со претседателот на Иран Хасан Рохани за ситуацијата во Сирија по ракетниот удар од САД, Велика Британија и Франција, објави прес-службата на Кремљ

„Лидерите разменија мислења за ситуацијата по ракетниот удар на САД и нивните сојузници на сириска територија. Констатирано е дека противправната акција нансеува штета на перспективата на политичкото решавање на кризата во Сирија. Владимир Путин меѓу останатото, нагласи дека ќе дојде до хаос во меѓународните односи ако се продолжат ваквите акции, со кои се крши уставот на ОН“, се наведува во соопштението.

Разговарано е и за ситуацијата на целиот Блиски Исток, вклучително и Јемен.

Двете страни изразиле заинтересираност и за понатамошен развој на повеќестраните руско-ирански односи и проширување на взаемно корисните врски во трговско-економската сфера.

Соединатите Американски Држави, Франција и Велика Британија во саботата наутро изведоа ракетни напади на сириските владини објекти, кои, според нивното мислење, се употребуваат за производство на хемиско оружје. За врме на воената операција во Сирија лансираа 103 ракети, од кои 71 се соборени од страна на силите на противвоздушната одбрана на Сирија. Руските сили не беа вклучени во соборувањето на ракетите, но ги следеле лансирањата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This