ПУТИН ПОВТОРНО ДОАЃА ВО СРБИЈА: Претседателот на Србија ги започна подготовките за новата посета на Путин во јануари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска се сретна со рускиот амбасадор Александар Чепурин, кој ја пренесе поканата за евентуалната посетата на претседателот Владимир Путин на Србија во јануари.

Вучиќ рече дека зз Србија е голема чест повторно да биде домаќин на претседателот Путин и дека Белград ќе има шанса повторно да го покаже српското гостопримство.

Со амбасадорот Чепурин се договоривме веднаш да почнат подготовките за доаѓањето на рускиот претседател во Белград, со што уште еднаш ќе се потврди традиционалното пријателство меѓу двете земји и братство меѓу двете држави. По тој повод, беше најавено дека наскоро ќе се одржи седница на мешовитиот меѓувладин Комитет за Соработка, со цел да се подготват конкретни заеднички проекти во областа на економската соработка, со цел да се зголеми трговската размена меѓу Србија и Русија и  економскиот просперитет на двете земји, се вели во соопштението.

Претседателот Вучиќ изјави дека е имал огромна чест и можност повторно да разговара со претседателот Путин во Москава.

Српскиот претседател и рускиот амбасадор разговараа за резултатите од посетата и проценија дека е од големо значење за понатамошниот развој на сеопфатна соработка меѓу двете земји.

Двајцата соговорници, исто така, зборуваа за состојбата во регионот, со очекување дека сите земји од Западен Балкан остануваат посветени на мирот и стабилноста, а Вучиќ  ја заврши својата изјава со ставот дека Србија секогаш ќе се залага за добри односи и соработка во регионот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This