Путин предупредува: Започната е okyпација на Украина, треба сериозно да се cфати ситуацијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека на Русија и е јасно дека е започната окупација на Украина и изрази надеж дека сите што го започнаа тоа сериозно ќе ја сфатат загриженоста на Москва.

Како што рече тој, од суштинско значење е Русија да не создава никакви проблеми што би претставувале закана за неа.
Во исто време, како што оцени, тие закани не ги создава Украина, туку други што ја користат нејзината територија и нејзините граѓани на тој начин.
„Гледаме дека военото освојување на таа територија започна. Тоа нè загрижува. Зборував за тоа многу пати. Мислам дека оние што ќе го сторат тоа сериозно ќе ја сфатат нашата загриженост“, изјави Путин за телевизијата „Русија 24“.

Зборувајќи за поранешните советски републики, Путин рече дека модерна Русија ја препознава моменталната геополитичка реалност, но дека е загрижена дали некаде може да се појават закани.
Тој потсети дека Русија има исклучително добри односи со Казахстан, кој исто така е поранешна советска република, згора на тоа, постојат сојузнички односи и економски сојузи со таа земја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This