ПУТИН: Русија не може да влијае на изборите во САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот лидер изјави дека Америка е голема сила, а не е банана република и призна дека не би одбил моќна медиумска пропагандна машина.

Русија не може да влијае на исходот на претседателските избори во САД, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Сакам да поставам прашањето и до вас: зар некој сериозно мисли дека Русија може некако да влијае врз изборот на американскиот народ? Америка, дали е тоа банана држава? Америка е голема држава. Ако не сум во право – поправете ме, ве молам“, рече Путин на денешната пленарна седница на меѓународниот форум за дискусија „Валдај“, пренесува ,,Интерфакс“.

Шефот на руската држава изрази мислење дека, со оглед на претстојните претседателски избори во САД, политичките елити на земјата го одвлекуваат вниманието на граѓаните од вистинските проблеми на Америка и создаваат непријателски имиџ на Русија.

 

 

„Веројатно во текот на изборите би требало да се разговара токму за тоа, за другите нерешени прашања. Но, очигледно, нема што посебно да ѝ се каже на елитата, нема со што да се смири јавноста и затоа е многу поедноставно да се одвлече вниманието со руските таканаречени хакери, шпиони, агенти на влијание итн, итн.“, рече Путин.

Тој констатира дека Русија нема моќна пропагандна машина што може да влијае на исходот од изборите во западните земји.

„Да, пријатели, јас би сакал да имам таква пропагандна машина во Русија, но за жал, тоа не е така. Немаме такви глобални медиуми како Си-Ен-Ен, Би-Би-Си и некои други. Засега немаме такви можности“, рече Путин.

Во целина, смета рускиот лидер, војната за компромитирање во текот на предизборната кампања за претседател на САД ги преминува разумните граници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This