ПУТИН СТРОГО ОКОЛУ КОСОВО: А каде се српските полицајци и граничари на Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Председтелот на Русија Владимир Путин вчера при посетата на Белград изјави дека ставот на Русија по однос на прашањето со Косово е јасен. Москва се залага за решавање на ова прашање но само базирано на Резолуцијата 1244 СБ ОН.

Тој на заедничката прес конференција за новинарите со српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека Русија, како и Србија, е заинтересирана состојбата на Балканот да биде стабилна и безбедна.

„Косовските власти превземаа некои провокативни акции кои дополнително ја влошија ситуацијата“, нагласи Путин наведувајќи ја како пример одлуката на Приштина да формира „војска на Косово“, што представува прекршување на Резолуцијата 1244.

„Таа резолуција не дозволува постоење на било какви вооружени формации на Косово, Ја делиме загриженоста со Србија , бидејќи знаеме дека такви чекори водат кон нестабилност на Балканот.Нашата поддршка продолжува “, порача Путин.

На прашањето за тоа дали Русија ќе посредува во дијалогот и дали е можно до тоа да дојде , Путин одговори дека Русија активно од секогаш учествувала активно, но дека ЕУ е таа која е посредник во дијалогот.

„ЕУ е посредник, но ништо нема постигнато“, истакна рускиот претседател, наведувајќи дека ништо не се спроведува од тоа што е договорено .

Воедно потсети дека со Резолуцијата 1244 е предвидено одреден број српски полицајци и граничари треба да бидат на територијата на Косово.

„Каде се тие?, праша Путин и нагласи дека меѓународното право треба многу повеќе да се почитува и сите решенија да бидат праведни.

Според него , некои поранешни решенија како да имаа за цел да го подделат на српскиот народ.

„Треба да ги убедиме нашите партнери дека ако сакаме мир на Балканот мораме да најдеме компромис и да го оддржиме“, заклучи Путин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This