ПУТИН: Тешко е да се води дијалог со луѓе кои ја мешаат Австрија со Австралија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Председателот на  Русија го обвини американскиот естаблишмент за отсуство на политичка култура во врска со состојбата со руските дипломатски претставништва во САД.

Претседателот Путин изјави дека Москва може дополнително да го  намали бројот на запослените во американските дипломатски мисии за 155 луѓе.

Говорејќи на конференцијата за медиуми после самитот на земјите членки на БРИКС во кинескиот  Сјамен, Путин рече дека од 455 руски дипломати во САД, 155 луѓе работата во ОН.

 

Тој додава дека Русија ќе се жали на суд во врска со одземените нејзини права да располага со својот имот во САД. Рускиот претседател смета дека тоа го нарушува сопственичкото право на Русија.

„За почеток ќе им дадам налог на Министерството за надворешни работи да се обратат до судот, да видеме како функционира тој многу фален американски правосуден систем„, изјави Путин на конференцијата за новинари.

„Што се однесува до зградата-тоа е невидено и нечуено до сега. Јас како некој кој завршил Правен факултет на Универзитетот во Петербург можам да Ви кажам дека секој правник ќе ви го каже: правото на сопственост се состои од три елементи:право на поседување, употреба и располагање„, истакнува рускиот лидер.

Во врска со намалувањето на дипломатските претставништва на Русија во САД, Путин вели дека тоа е нивно право, но е грубо спроведено.

Говорејќи за соработката помеѓу Русија и САД, Путин изјави дека е тешко да се води дијалог со луѓе кои ја мешаат Австрија со Австралија.

„Тешко .е да водите дијалог со луѓе кои ја мешаат Австрија и Австралија. Тука нема што да правите. Очигледно дека е такво нивото на политичка култура на одредено дело на американскиот естаблишмент“, изјави Путин.

Во врска со санкциите кон Северна Кореја , Путин изјави: ,,И Вие мислите дека Северна Кореја поради усвојување на некои санкции ќе се откаже од политиката која ја води за создавање на оружје за масовно уништување? праша Путин реторички. Според неговото мислење ,,користење на санкции во овој случај е бескорисно и неефикасно„.

,,Пјонгјанг ќе јаде трева. Но нема да отстапи од таа програма се додека не се почувствува безбедно“, рече рускиот лидер.

„А што може да обезбеди безбедност ? Воспоставување на меѓународното право. Треба да се работи на дијалог на сите заинтересирани страни“, нагласи рускиот лидер.

 

Во врска со одлуката на Америка да и испорачува оружје на Украина, Путин вели:

,,Тоа е суверена одлука на САД на кој ќе му продава  оружје или бесплатно да испорачува. Ние  не можеме да влијаеме на овој процес, но постојат заеднички меѓународни правила и пристапи„, истакнува рускиот Претседател.

Според неговите зборови, ,, испораката на оружје во зоната на судирот, не оди во корист на смирување, туку напротив ја влошува состојбата“.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This