April 26, 2024, 10:36 pm

ПУТИН: Турција и Русија ќе продолжат заедно да ја јакнеат безбедноста на Евроазија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин упати новогодишна честитка до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и изрази уверување дека Турција и Русија ќе продолжат заедно да ја зајакнуваат безбедноста во Евроазија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на Кремљ се наведува дека рускиот претседател изразува задоволство од успешно развиените односи меѓу Турција и Русија.

„Започна изградбата на првата единица на нуклеарната централа „Акују“, а завршена е изградбата во морскиот дел од гасоводот „Турски тек““, додава Путин во пораката.

Рускиот претседател нагласува дека се вршат нови планови во насока на меѓусебните односи на двете земји.

„Со заедничките напори на Москва и Анкара се дава решителен придонес во борбата против тероризмот во Сирија, како и кон политичкиот процес во земјата“, рече Путин.

Тој изрази уверување дека Турција и Русија ќе продолжат со активностите во сите области кои ќе бидат во корист на народите на двете земји.

„Уверен сум дека Турција и Русија ќе продолжат заедно да ја зајакнуваат безбедноста во Евроазија“, додаде рускиот претседател Владимир Путин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This