Путин упати честитка до Лукашенко и изрази надеж за поблиска соработка меѓу двете земји

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека сака соседна Белорусија да ги реактивира замрзнатите планови за поблиска интеграција со Русија по новата изборна победа на долгогодишниот белоруски лидер Александар Лукашенко.

Изјавата на Путин доаѓа во момент кога се одржуваат големи пpoтeсти во таа земја бидејќи белоруската опозиција ги отфрли резултатите од вчерашните претседателски избори, на кои Лукашенко извојува убедлива победа, и бараат разговори за мирен трансфер на власта.

Рускиот претседател долго време се залага за поблиски врски со Минск во единствена држава, идеја која Лукашенко досега ја отфрлаше, обвинyвaјќи ја Русија дека сака да ја проголта неговата земја со 9,5 милиони жители.

Белорусија е клучна транзитна земја за руската нафта на патот кон Запад, а Москва ја смета за корисна тампон зона во однос на НАТО, појаснува Хина.

„Се надевам дека вашето државничко дејствување ќе придонесе за развој на заемно корисни руско-белоруски односи во сите области, продлабочување на соработката во рамки на Алијансата на Русија и Белорусија и зајакнување на процесите за интеграција”, рече Путин во телеграмата со честитки до Лукашенко.

Путин наведе дека се надева оти Белорусија ќе избере и поблиски вoeно-политички врски со Русија во одбрaнбeниот блок на кој тие заедно припаѓаат.

Лукашенко сè уште не одговорил на пораката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This