March 28, 2024, 10:34 pm

Путин ја менува постапката за формирање на нова Влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владимир Путин достави до Државната дума пакет закони насочени кон спроведување на измени и дополнувања на Уставот, особено за новата постапка за формирање влада.

Според шефот на комитетот за законодавство, Павел Крашениников, премиерот и неговите заменици и министри, освен бeзбедносните структури, ќе бидат назначени од претседателот откако кандидатите ќе бидат одобрени од Државната дума.

Ова ќе ја зајакне улогата на парламентот, изјави пратеникот.

Премиерот го предлага претседателот, а вицепремиерите и министрите премиерот. Претседателот е должен да ги назначи, но после тоа има право да ги замени. Тоа може да го стори без оставка на Владата.

Крашениников истакна дека „новата постапка за формирање на Владата е потранспарентна, бидејќи именувањето на сите членови на Владата ќе биде јавно“. „Идните министри, на пример, прво треба да ја потврдат својата надлежност во Државната дума, да одговорат на прашањата на пратениците, пред тие да бидат назначени на функцијата.

Претседателскиот пакет исто така вклучува проекти во врска со активностите на Уставниот cyд, ФСБ, службата за надворешни paзузнавачки служби, Oбвинителството, народниот прaвобранител и други документи.

Думата ќе расправа за овој закон на есенската сесија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This