Путин ја стави Америка на листа на нeпpиjaтeли на Русија, ги пpoтepyвa сите американски дипломати од земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската влада објави список на непријателски земји, на кој се најдоа Соединетите Американски Држави и Чешка. Документот е објавен на официјалниот портал за правни информации на руската влада.

Според окументот, дипломатската мисија на Чешка ќе може да вработи највеќе 19 дипломати во Русија, а САД – ниту еден.

„Да се одобри приложениот список на странски држави кои превземаат непријателски акции против Русија, граѓаните на Русија или руските правни лица, против кои се применуваат контра мерки, утврдени со указ на претседателот на Русија од 23. април 2021. година за примена на контра мерки на непријателските акции на странски држави“, се наведува во документот.

Документот е донесен со цел заштита на интересите и безбедноста на Русија. Според тој документ, се ограничува склучувањето на договори за работа и слични договори помеѓу дипломатските претставништва, конзуларните претставништва, претставништвата на државните органи на странски држави кои превземаат непријателски акции против Русија и физички лица на територија на Русија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This