ПУШАЧИТЕ СТРАДААТ ОД ДЕПPEСИЈА: Тутунот има негативен ефект врз здравјето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Истражувачи од Универзитетот во Белград и Универзитетот во Приштина испитале над 2.000 студенти од двата универзитети за нивните навики на пушење и симптомите на депресија.

 

 

 

 

Резултатите објавени на сајтот „PLOS ONE“ покажуваат дека кај студентите кои пушат редовно, стапките на клиничка депресија се два до три пати повисоки отколку кај нивните колеги кои не пушат.

Всушност, 14% од пушачите на Универзитетот во Приштина страдаат од депресија во споредба со 4% од непушачите, додека на Белградскиот универзитет, 19% од пушачите страдаат од депресија во споредба со 11% од непушачите. Истражувачите исто така ја разгледале економската и социјалната позадина на студентите кои учествувале во студијата.

Нашата студија дава силен доказ за веќе постојните информации дека пушењето и депресијата се тесно поврзани“, рече авторот на студијата, Хагај Левин од Универзитетот во Ерусалим. „Иако можеби е премногу рано да се биде целосно убеден дека пушењето предизвикува депресија, тутунот се чини дека има негативен ефект врз нашето ментално здравје, се надоврзува тој.
Ова не е првпат истражувачките студии да ги поврзуваат депресивните состојби и лошите навики.

Една студија од 2017 година од истражувачи од „King’s College“ во Лондон и универзитетот „Чарлс“ во Прага откри дека 66,3% од пациентите со умерена или силна депресија кои се откажале од цигарите немаат симптоми на депресија само една година по откажувањето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This