ПУШТЕНИ БЕА НА СЛОБОДА ЗА ДА ГЛАСААТ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: обвинетите Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски биле пуштени од куќен притвор за да гласаат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Артан Груби од ДУИ во дебата со новинарот Горан Момировски во стуиото на 1ТВ рече дека обвинетите Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски биле пуштени од судот од куќен притвор откако објасниле колку е важно да се гласа на собраниската седница и да дадат свој придонес на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

– Зошто драматизирате такви моменти, а не ја гледате широката позадина. Во ВМРО-ДПМНЕ има и други со демократски капацитет, не се само тие пратеници кои гласаа за отворање на уставните амандмани а потоа беа исклучени од партијата. Сигурно е тоа дека не се дадени никакви награди. Мукоски, Арнаудов и Василевски сами од својот куќен притвор побарале преку своите адвокати со гаранција да излезат затоа што го почувствувале важниот момент. Тие се сега дома, но ќе ја продолжат работата во Собранието – рече Груби како одговор на прашањето зошто баш на ден-два пред гласањето народните избраници кои ги отворија портите на Собранието на крвавиот 27 април се ослободени од куќен притвор.

Седум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ синоќа гласаа за отворање на уставните амандмани како што налага преспанскиот договор, а со тоа коалицијата „За европска Македонија“ имаше најмалку 80 гласови за потребното двотретинско мнозинство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This