ПУCTOШ НА ПЕЛИСТЕР: Секојдневно се ceчат 50 кубика дрва на Пелистер, никој нe смее да мрдне поради Муса Џафери?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Националниот парк „Пелистер“ секојдневно се опустошува, обвинуваат битолчани преку социјалните мрежи, а како што се тврди, дневно преку 50 кубни метри дрво се сечат и се изнесуваат од шумата. Освен ова, обвинуваат битолчани преку социјалните мрежи, загрозена е и моликата, која е уникатно зимзелено ратеније кое расте само на падините на Пелистер

Загрижените граѓани бараат националната установа за заштита на Пелистер веднаш да реагира, а сторителите да се изведат пред лицето на правдата, наместо, како што велат да спијат и да молчат пред она што го гледаат.

Оттаму велат дека секојдневно камион наполнет со дрва прави 2-3 тури во планината, а се враќа наполнет со исечени дрвја.

Во целата ситуација се споменува и Муса Џафери, а според битолчани, шемата ја води токму тој со негов поранешен цимер од Ресен со кого студирал во Приштина, па заштитен од Џафери, никој не реагира и не се обидува да го спречи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This