ПУKAЊE ВО ЧАИР: Утрово е paнeто едно лицe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утрово нешто пред пет часот, на улицата „Архиепископ Доситеј“ во скопската општина Чаир, било рането едно лице кое управувало мотор. Лицето било пренесено во болницата, полицијата при увидот пронашла шест чаури од муниција за пиштол.

-На 02.06.2020 во 05.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на угостителски објект и градинка на ул.„Архиепископ Доситеј“ во Скопје едно лице пукало од огнено оружје кон К.Т.(24) од Скопје, кој управувал мотоцикл, при што бил повреден во пределот на ногата. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, при што на местото биле пронајдени и подигнати шест чаури од муниција за пиштол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This